ЗА НАС
Рудпроект ДОО - Скопје е друштво од областа на рударството и градежништвото. Oсновано e во 1977 година, а од 1994 година друштвото е со 100% приватен капитал.
Во функција на проширување на дејноста, во периодот од 1998 до 2000 година, Рудпроект изврши комплетно геолошко истражување на наоѓалиштето за калцитски мермер „Зелениковец“ во Говрлево, Скопско.
Наоѓалиштето за градежно-технички камен „Зелениковец“ според сложелноста на геологијата, димензиите, големината на рудното тело и промената, се вбројува во првата група и втората подгрупа на наоѓалишта на градежен камен.
Површинскиот коп „Зелениковец“ е отворен во 2000 година, а една година подоцна е изградена современа дробилична постројка во која се произведува целокупниот асортиман на стандардни тампонски и бетонски фракции.
КОНТАКТ
-
ул. „Петар Ацев“ бр. 7/10
1000 Скопје -
+389(2)3173.010
+389(2)3173.020
+389(70)231.958 - info@rudproekt.com
Услуги
Проектирање
РУДПРОЕКТ ДОО - Скопје е компанија која се занимава со проектирање во рударството повеќе од 40 години. Во текот на овие години изработени се повеќе од 450 рударски проекти, научни студии и експертизи од областа на рударството и индустријата.
Прочитај повеќеДупчење и минирање
Долгогодишното искуство, максимална професионалност и континуираното следење на најновите светски искуства при вршење на услуга дупчење и минирање го прави РУДПРОЕКТ ДОО - Скопје лидер во оваа област.
Прочитај повеќеСпецијални минирање
Нашето друштво има изведено голем број на уривања со апликација на специјални минирања на територијата на Република Македонија и надвор од неа. Врз основа на досегашните референтни уривања на армирано-бетонските објекти во урбани средини со апликација на специјални минирања, го заслужуваме екслузивитетот за оваа дејност во Република Македонија
Прочитај повеќе